Пожарникари се обидуваат да спречат речиси 150 пожари во Австралија

Од:

Пожарникари се борат да запрат речиси 150 пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот повторно кон Сиднеј, најголемиот град во Австралија, јавија денеска австралиски медиуми.

Најмалку четири луѓе загинаа во пожари од почетокот на ноември, а повеќе од 680 куќи се уништени. Пожарите продолжуваат во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Квинсленд.

Kомесарот на пожарната служба на Нов Јужен Велс, Шејн Фицсимонс, додека речиси 150 пожари беснеат низ источниот брег на Австралија, рече дека властите се особено загрижени за осум пожари околу Сиднеј, главниот град на државата, каде живеат околу пет милиони луѓе.

– Тие имаат потенцијал или се очекува да се прошират на исток, што, за жал, влегува во населени места, села, заедници, изолирани рурални области и земјоделски и деловни бизниси низ целиот регион, изјави Фицсимонс пред новинарите во Сиднеј.

Тој додаде дека неколку пожари северозападно од градот се споија, со што се формира голем фронт што се шири со помош на ветар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа