ВМРО-ДПМНЕ потроши 730.000 евра само за десет дена кампања

Од:

За телевизиски и за радио спотови, за билборди и за митинзи во првите десет дена од кампањата, ВМРО-ДПМНЕ потрошила 730.000 евра, се забележува од отчетите на партиите за финансирањето на првата половина на кампањата, јави „24 Вести“.

Партијата најголем дел од овие пари ги должи, бидејќи од донации собрала околу 50.000 евра. И оваа кампања на ВМРО-ДПМНЕ, слично како и изборите во 2011 година, ја финансираат само физички лица, кои донирале по 60.000 денари.

Втората владејачка партија, ДУИ во оваа камапања собрала двојно повеќе донации од ВМРО-ДПМНЕ, односно над 100.000 евра, но партијата на Али Ахмети ја финансирале и фирми. За досегашната кампања ДУИ потрошила 96.000 евра, од кои најголем дека дала за реклами.

СДСМ, затоа што во кампањата влезе со една недела задоцнување, својот прв финансиски извештај треба да го достави до утре.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“