Масовен протест пред кипарскиот парламент против данокот на депозити

Од:

Околу илјада лица се собраа денеска на протест пред кипарскиот парламент против согласноста на власта да го прифати условот на Еврогрупата за воведување данок врз банкарските депозити, пренесоа руските медиуми.

Околу зградата на парламентот е разместен полициски кордон од автомобили и бодликава жица. Засега нема инциденти.

Демонстрантите, главно млади луѓе организирани преку социјалните мрежи, носат транспаренти „Не чепкајте ги нашите пари!“, „Не сакаме да плаќаме за туѓи грешки!„, „Не на Еврогрупата!“.

Протестот е одговор на антикризната програма, усогласена на заседанието на Еврогрупата во саботата, што предвидува меѓудругото принудно вовлекување во нејзиното финансирање на вложувачите во кипарски банки.

Оваа досега незабележена мерка предизвика бурна загриженост меѓу кипарските граѓани, кои се почувстваа ограбени и измамени од владата, која до последен момент изјавуваше дека депозитите на граѓаните се заштитени.

Ова се првите масовни демонстрации против обидот на властите да се раздолжат со пари на своите граѓани за грешките на банкарите и политичарите, забележуваат руските медиуми.

Демонстрациите се оддржуваат пред празната зграда на парламентот, бидејќи за денеска планираното гласање на спогодбата за спасувачката помош е одложено за утре, за на претседателот Никос Анастасиадис да му се даде можност да се обиде да се договори со Еврогрупата за намалување на данокот за малите депозити.

Судејќи според паролите на протестот, меѓутоа, тоа на граѓаните не им е доволно, бидејќи тие инсистираат на целосно укинување на таканаречениот „антикризен данок“.

За Кипар, со население помало од милион лица, овој протест е доста голем настан, уште повеќе што денеска на островот е празничен ден по повод христијанскиот празник Чист понеделник, посочуваат руските медиуми.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ