Струмичанец лишен од слобода, превезувал 19 мигранти од Авганистан и Пакистан

Од:

Полициски службеници денеска лишиле од слобода едно лице од Струмица поради тоа што на магистралниот пат Штип – Велес, кај место викано „Три чешми“, штипско, во товарно возило „Нисан“ превезувал 19 лица мигранти од Авганистан и Пакистан.

Претходно, како што соопшти МВР, возачот на возилото не застанал на знак за запирање од полициските службеници и се обидел да побегне, но набргу потоа возилото било запрено и тој бил лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес