Ѓорѓиевски ги посети кумановските населби Гоце Делчев и Перо Чичо

Од:

Кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“ Зоран Ѓорѓиевски и шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров денеска го посетија Центарот за зависности, лоциран во кумановската населба Гоце Делчев.

Дислокација на овој Центар е на барање на граѓаните од оваа населба бидејќи е сместена во непосредна близина на детска градинка и основно училиште.

– Овој проблем е долгогодишен и еден од најгорливите за граѓаните од населбата. Мора да се пронајде решение во соработка со централната власт, а во интерес и на граѓаните и на корисниците на услугите на Центарот, рече Ѓорѓиевски.

Тодоров објасни дека се разгледуваат повеќе локации и додаде оти не е исклучена можноста Центарот да биде сместен во кругот на Општата болница.

– Центарот е сместен во близина на градинка и на училиште, а во близина се и станбени објекти. Ќе се обидеме да најдеме друга локација, но во исто време Центарот за зависности мора да продолжи со работа, мора да се работи на унапредување на условите бидејќи околу 100 пациенти примаат терапија во Центарот, рече Тодоров.

Кандидатот за градоначалник Зоран Ѓорѓиевски и Никола Тодоров денеска ја посетија и амбулантата во населбата Перо Чичо, каде граѓаните немаат целодневна здравствена заштита.

– Граѓаните од Перо Чичо во поликлиниката во оваа населба немаат целодневна здравствена покриеност, што претставува проблем. Со помош на Министертвото за здравство овој проблем треба да се надимне, рече Ѓорѓиевски.

Тодоров најави дека уште утре во кумановскиот Здравствен дом треба да се донесат две одлуки за издавање на простор во амбулантата во Перо Чичо за две концесии со што, како што рече, ќе се овозможи отворање на приватни здравствени установи, односно работа на матични лекари.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно