Американската морнарица тврди дека запленила делови од иранска ракета

Од:

Воен брод на американската морнарица запленил делови од ракета за која се верува дека е поврзана со Иран во Оманскиот залив, изјавија американски официјални претставници во момент кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп врши притисок врз Техеран да ги ограничи своите регионални активности.

Официјални лица, кои не сакаа да бидат именувани, изјавија дека воениот брод „Форест Шерман“ запленил мал брод минатата недела каде крајбрежните чувари пронашле делови од ракетата.

Екипажот на малиот брод бил пренесен кај јеменската крајбрежна стража, а делови од ракетата сега се во сопственост на САД, додаваат официјалните лица.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија