„Хјундаи“ планира инвестиции од 52 милијарди долари за развој на електрични автомобили

Од:

Корејскиот автомобилски концерн „Хјундаи“ во следните пет години планира да инвестира околу 52 милијарди долари за развој на електричните автомобили, се вели во денешното соопштение за јавноста на компанијата.

Планот е поместен во објавената „Стратегија 2025“, план за развој на компанијата до 2025 година.

Преминот на автомобилската индистрија кон технологии со нула издувни гасови со штетни супстанци и автономно возење со паметни решенија има потреба од огромни инвестиции, се вели во документот.

„Хјундаи“, исто така, ја разгледува можноста за развој на летечки автомобили и нивна комерцијализација, изјави извршниот потпретседател на компанијата И-Сан Чонг.

Во плановите на компанијата е да се најде меѓу трите светски лидери по производство на акумулатори за автомобили и моторни елементи до 2025 година, со годишни продажби до 670 илјади електромобили, од кои 560 илјади се коли со погон на батерии.

Покрај тоа, компанијата планира намалување на расходите до 29 милијарди долари. Објавени се планови за откуп на свои акции во сума од 252 милиони долари на почетокот на 2020 година.

Американските медиуми истакнуваат дека водечките произодители на автомобили во Јужна Кореја земаат залет да го надоместат пропуштеното во трката со конкуренцијата и да излезат на пазарот со нови патнички автомобили.

По вестите за новите инвестициски планови на компанијата, акциите на „Хјундаи“ пораснаа за два отсто.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска