ВИДЕО: Макрон и Трудо го озборуваат Трамп во Бакингемската палата

Од:

Зад кулисите на НАТО Самитот во Лондон, кој го обележаа неколку значајни состаноци меѓу премиерите и претседателите, камерите забележаа како канадскиот премиер Џастин Трудо и францускиот претседател Емануел Макрон го озборуваат Доналд Трамп во Бакингемската палата.

Имено, Макрон, кој го провоцираше Трамп со изјавата дека НАТО е во „состојба на мозочна смрт”, е фатен како говори против непознат соработник во разговор со Трудо, британскиот премиер Борис Џонсон и холандскиот – Марк Руте. Шегата е на сметка на нечија „40-минутна конференција“ поради која Макрон доцнел.

Според многумина, забелешката се однесува на состанокот Макрон – Трамп претходно тој ден. Трудо пак, натаму ќе рече: „Штотуку видовте како членовите на неговиот тим (наводно, на Трамп), останаа со отворена уста”.

Би можело да ве интересира

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Трамп ја нарече Харис „ментално пореметена“ и „ментално хендикепирана“

Горан Наумовски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски