Бесими-Чејку: Евроинтеграциите-заеднички приоритет на двете држави

Од:

Важноста на институционалната соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија во контекст на договорената соработка во областа на евроинтеграцијата на двете држави била нагласена на денешната средба на заменик претседателот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими со албанскиот амбасадор во Скопје, Арбен Чејку.

Како што соопшти СЕП, тема на разговорите биле и актуелните случувања, каде вицепремиерот Бесими и амбасадорот Чејку се согласија, дека овие локални избори, кои се за граѓаните и за развојот на општините, треба да се сметаат и како придонес кон демократскиот имиџ на државата.

– Тие може да помагаат за внатрешна интеграција и зајакнување на меѓуетничките односи, како предуслов за интеграциона и евроатланска визија на Македонија, се вели во соопштението од СЕП.

Во таа насока, на средбата станало збор и за посетата и идните средби на заменик претседателот Бесими на Тирана, поврзани со агендата за интеграции на двете држави во ЕУ, како и за добрососедската и регионалната соработка.

Амбасадорот на Република Албанија воедно му ја честиташе на заменик претседателот Бесими новата функција и се заблагодари за одличната соработка, која двете држави ја имаа во областа на одбраната и интеграциите во НАТО, во време кога Бесими раководеше со Министерството за одбрана на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ