Вархељи: Проширувањето на ЕУ ќе остане приоритет на ЕП

Од:

Новиот европски комесар за проширување Оливер Вархељи денеска изјави дека е многу разочаран поради тоа што не беше постигнат консензус за отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија.

Тој на тркалезната маса во Европски парламент посветена на евроинтеграцијата на Западен Балкан истакна дека ќе продолжи да се залага за донесување на позитивна одлука за Северна Македонија и Албанија пред Самитот на ЕУ во Загреб, што ќе се одржи во мај следната година.

Вархељи истакна и дека Босна и Херцеговина направила значителни чекори на патот кон Европска Унија, но треба да се фокусира на најважните приоритети идентификувани во Мислењето на ЕУ, како што е реформа на судството и управување со миграциите.

Еврокомесарот се осврна и на состојбата во Србија и упати апел до Белград да го забрза процесот на реформи на патот кон ЕУ. Тој посочи дека се потребни поцврсти, сеопфатни и конкретни резултати во клучните области – демократија, владеење на законите и слобода на медиумите.

Тој, исто така се осврна и на Косово, при тоа потенцирајќи дека се надева оти Приштина ќе го обнови дијалогот со Белград.

Додека Вархељи наведе дека истакна и дека најголем напредок на патот кон ЕУ има остварено Црна Гора, која отвори 32 поглавја, но оти се уште треба да оствари конкретни резултати во владеењето на законите и слобода на медиумите, политичката дебата да се врати во Парламентот и да продолжи работата за изборното законодавство.

Еврокомесарот нагласи дека проширувањето на ЕУ ќе остане приоритет на ЕП и најави дека Европска комисија набрзо ќе достави предлог за новиот пристап во процесот на проширување.

– ЕК на почетокот од следната година ќе ги претстави сугестиите за процесот на асоцијација, со цел да го зајакне преговарачкиот процес, истакна Вархељи.

Тој додаде и ќе се заложи за подинамичен процес наместо едноставното отворање и затворање на поглавјата во пристапните преговори.

– Фокусот при тоа мора да биде на реалното влијание на реформите на теренот, а најдобра мерка за напредок ќе биде брзината на економскиот развој, зголемување на просперитетот и квалитетот на животот, како и слободата на луѓето, истакна Вархељи, додавајќи дека во „земјите од Западен Балкан неопходно е силно политичко ангажирање за спроведување на реформите, не поради ЕУ, туку поради сопствените граѓани“.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он