(ВИДЕО) Мицевски: Владата во најскоро време до Собранието да го достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членство

Од:

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, денес од Собранието на Република Македонија поднесе иницијатива до Владата, со барање во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО).

Согласно Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија, Владата е таа која поднесува предлог закони за ратификација до законодавниот дом.

Нашата иницијатива има за цел да го забрза и да го обезбеди ратификувањето на Северноатланскиот договор и Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на Собранието, пред истото да се распушти заради одржување на предвремените парламентари избори, кои треба да се одржат на 12-ти април 2020 година“, кажа Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека ваквата постапка е пракса која што во Северно-атланската Алијанса е воведена при зачленувањето на Црна Гора во НАТО. Тогаш во април 2017 година, Парламентот во Подгорица предвремено ги ратификуваше овие документи, а ратификацијата на протоколот за пристапување на Црна гора во НАТО од страна на Холандија и Шпанија се случи еден месец подоцна во мај 2017 година.

Апелираме до господинот Талат Џафери оваа иницијатива во најбрзо време да ја испрати до Владата на Република Македонија се со цел да не дојде до одложување на изборите од страна на СДСМ и Зоран Заев кои што очигледно се плашат од катастрофата што ќе им се случи на 12-ти април.

Со прифаќањето на оваа иницијатива ќе докажат дека навистина сакаат Република Македонија да биде членка во НАТО Алијансата. Во спротивно на цела македонска јавност ќе и биде јасно дека СДСМ и Заев членството во НАТО го коцкаат за нивни партиски интереси и не го третираат како стратешки интерес на земјата“, изјави Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира