ВМРО – ДПМНЕ: Концептот на Петров е чиста копија од 3D презентациите на ВМРО – ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е првата политичка партија која во кампањата за овие локални избори презентираше видеа со 3Д визуелизација на проектите кои се испланирани во програмите за секоја општина, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес – конференција на Андреј Петров, кандидат за градоначалник на општина Карпош од СДСМ.

Од партијата тврдат дека концептот со кој Петров се фали дека се применувал на светско ниво, е чиста копија од 3Д презентациите на ВМРО-ДПМНЕ на проектите за секоја општина. Му порачуваат на Петров да понуди некој нов концепт за презентирање, а не да ги копира презентациите од ВМРО-ДПМНЕ.

– Немајќи идеи во својата пасивна и безидејна кампања, Петров реши да оди по стапките на ВМРО-ДПМНЕ. Освен копирањето на 3Д презентациите, Петров во својата програма успеа да ги ископира и половината проекти предвидени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Програмата, се подвлекува, е нешто на кое треба да му се посвети долг период за составување, а не како во случајот на Петров, каде се нафрлани и копирани проекти, без никакви плански и финансиски конструкции.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?