Едно мисли и говори во опозиција, друго прави кога ќе ја „фатиш“ власта. Примери безброј, и не само за актуелнава власт. Но бидејќи таа сега ни го креира животот, потсетуваме како размислувале кога во 2003 биле во опозиција.
Се залагале за се да има транспарентност во одлучувањето.
Па така на сајтот на ВМРО-ДПМНЕ од 28.09.2003, бараат на референдум да се одлучува каков ќе биде новиот изглед на плоштадот.
По 2003, многу нешта се сменија, се промовираше и почна да се гради проектот „Скопје 2014“.
Не видовме ни референдум, а не се знае ни колку точно и на кој начин се потрошени милиони и милиони евра, народни пари. Скопјани не гласаа ниту за Прометеј со или без гаѓи, ниту за златни коњи, милионски огради, рингишпили и галии, а сепак ги добија. Некој во нивно име одлучуваше. А каде се загуби желбата за транспарентност од 2003?
Некаде се заврте меѓу желбата за рингишпил или изгоре во вечниот оган?