Бакрачески најави подобрување на сообраќајната инфраструктура во Охрид

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Бакрачески денеска пред јавноста најави редица проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот.

Според него, состојбата на главните артерии на градот улиците 7 Ноември, Питу Гули, Јане Сандански, Абас Емин не доликува на туристички центар каков што е Охрид.

– И јас како иден градоначалник нема да се согласам со таквата состојба, рече Бакрачески.

Тој најави дека веднаш по превземањето на функцијата градоначалник ќе ја мотивира локалната администрација и задолжените од надлежните општински сектори во најбрз можен рок да обезбедат услови за да се направи ребаланс на буџетот за 2013 година и да се подготви документација за работа на неколку инфраструктурни проекти и тоа: реконструкција и надградба на улиците „Питу Гули“ со краците на истата улица, улицата „Абас Емин“, улицата „Мирче Ацев“, улицата „7 ноември“, улиците и краците „Радојца Новичиќ“ и улицата „Живко Чинго“.

– Секако дека активно ќе интервенираме и на другите улици па затоа ќе изградиме и пешачка патека и патеки за велосипедисти на улицата Асном, познатата и опасна „110-ка“ за што во програмата предвидуваме три милони денари од Буџетот на Општината, ќе изградиме и тротоари на улицата „Ристо Чадо“ за безбедно движење за што се предвидени 6.1 милион денари во Програмата. Исто така ќе инвестираме 12.5 милиони денари за изградба на пешачка патека Охрид-Рача –Св.Стефан, рече Бакрачески.

Тој ја обвини досегашната локална самоурава дека долги 8 години ги заборавиле реалните инфраструктурни потреби и проблеми на охриѓани, трошејќи го времето за креирање детални урбанистички планови и креирање начини за експериментирање со паркинг-просторите низ градот.

– Немањето интервенции во последните четири додини доведе Охрид да остане без најважниот елемент – убаво уредени, асфалтирани улици и безбедни улици и тротоари, забележа Бакрачески.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно