Латинска Америка и САД воведуваат забрана за патување на Мадуро и негови најблиски соработници

Од:

Петнаесет американски држави се согласија синоќа да забранат патување во рамките на нивните граници за 29 Венецуелци, вклучувајќи го и претседателот Николас Мадуро и негови блиски сојузници, како дел од дипломатските напори да го принудат да поднесе оставка.

На состанокот во Богота, меѓу останатите беа и претставници на Аргентина, Бразил, САД, Колумбија, Чиле и Перу, кои се потписнички на Меѓуамериканскиот договор за взаемна помош (ТИАР), договор што ветува меѓусебна одбрана за членовите на Организацијата на американските држави.

Групата во септември прифати идентификација, санкционирање и екстрадиција на водечките членови на владата на Венецуела, за кои тие рекоа дека се поврзани со перење пари, трговија со дрога и тероризам. На списокот за забрана за влез во 15 земји на ТИАР се најважните сојузници на Мадуро како што е министерот за надворешни работи, секретарот за одбрана Владимир Падрин, потпретседателката Делси Родригез и Диосдада Кабела, кој е број 2 во владејачката Социјалистичка партија.

Околу 500 луѓе поврзани со Мадуро веќе се под различни санкции.

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски