Продолжува изградбата на пречистителната станица во Волково

Од:

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски и Сокол Митровски и заминик-министерот за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова денеска во Волково го посетија местото каде се одвиваат градежни работи за изградба на пречистителна станица на реката Лепенец.

Изградбата на оваа пречистителна станица почна во 2010 година. Се работи за проект за изградба на систем каде ќе се собираат отпадните води, ќе се преработуваат, а потоа чистата вода ќе се испушта во Лепенец.

– Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во реката Вардар во Ѓорче Петров ќе има голем еколошки бенефит бидејќи се затвораат 6.000 септички јами кои во моментов се потенцијална опасност за загадување на воздухот, почвата и подземните води. Особено поради тоа што се наоѓаат во близина на бунарскиот систем на Лепенец, кој е дополна на скопскиот систем за водоснабдување од Рашче. Оваа пречистителна станица ќе ги прифаќа отпадните води од населени места Кучково, Орман, Волково и Ново село или околу 30.000 жители, изјави Трајановски.

Трајановски и Митровски најавија дека овој проект ќе продолжат и понатаму да го реализираат и додадоа оти тој ќе заврши наредната година. Информираа и за формирање на работни групи за работа со институциите од Косово, од каде доаѓа реката Лепенец.

Овој проект се реализира со заедничка соработка на општина Ѓорче Петров, Град Скопје и Владата на Република Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме