Средба на носителите на советничките листи на ДОМ со претставници на Макстил

Од:

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска и носителите на листите за советници од Град Скопје – Денко Скаловски, на Бутел – Златко Јордановски и на Гази Баба – Мирослав Богдановски денеска имаа средба со претставник на „Макстил“ АД во врска со индустриското загадување од овој капацитет.

Средбата, како што се наведува во соопштението од ДОМ, беше одржана по поплаките на граѓаните на Бутел и Гази Баба кои се однесуваат на испуштањето на облаци од чад кои потекнуваат од кругот на Железарницата.

Одговорните во „Макстил“ информирале дека претпријатието не работи веќе три месеци, а ист одговор минатата недела од ДОМ добиле и при посетата на „Скопски легури“ , при што се наметнува потребата од изработка на катастар на загадувачи во кругот на поранешната Железарница за да се регистрираат „Фантомските“ загадувачи.

– ДОМ е категорично против пролонгирањето на роковите за примена на еколошките стандарди до 2019 година што ќе значи дополнителни 6 години загадување, и се залагаме за замена на македонските еколошки стандарди со европските, се вели во соопштението од ДОМ.

Од ДОМ предлагаат државата да им помогне на големите загадувачи преку таканаречени меки кредити кои, според нив, не ги иззема вложувањата од страна на соодветните субјекти.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?