Талевски вети реконструкција на пазарот во Битола

Од:

Наскоро Битола ќе добие реконструиран пазар, според најавите на кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Талески.

ЈКП „Пазари“ веќе доби одобрение за градба а со тоа веднаш по изборите ќе биде распишан тендер за избор на изведувач на работите.

Имаме обезбедено финансиски средства. Во првата фаза ќе го реконструираме овој централниот дел, во втората ќе ги реконструираме сите тезги коишто се импровизирани, третата фаза ќе биде левата страна и четвртата фаза ќе биде оној долниот дел од пазарот каде често пати се паркираат камиони и тешки возила, а тој ќе биде паркинг простор – катна гаража, рече Талески.

Првата фаза од интервенцијата ќе биде околу 13 милиони денари во неа финансиски ќе учествува Општината (со две третини) и пазарот (со една третина).

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?