(ВИДЕО) Костов: Сите пратеници имаат должност да застанат на страната на правдата, да го поддржат Барањето за автентично толкување

Од:

„Барањето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, поднесено од пратеничката група на СДСМ е за да спречиме повторното враќање на нелегалната аболиција на Ѓорге Иванов.

СДСМ се бори за правда и нема да дозволи амнестии.

Сите народни избраници имат должност и обврска да застанат на страната на правдата и владеењето на законите.

Затоа, ги повикуваме повторно сите пратеници, особено од ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржат Барањето за автентично толкување. Тоа е во интерес на правдата, на граѓаните и државата“, рече Сашко Костов, пратеник на СДСМ.

„Последните случувања во правосудниот систем покажуваат дека судството останува последното упориште на остатоците на режимот и „заробената држава“.

Затоа, неопходен е процес на ветинг врз судии и јавни обвинители.

Правосудството мора да се прочисти од нечесните судии и обвинители, за чесните, одговорните и професионалните непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните.

Но претходно мора еднаш засекогаш да се затвори незаконската амнестија на Иванов. Секој што се со огрешил пред законите мора да одговара а сите започнати предмети и истраги мора да добијат правна разрешница.

Во оваа насока, предлозите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, односно во функција на одбегнување на правдата.

Некој што се огрешил пред законите мора пред се да одговара, не е прашањето со што ќе се занимава.

Предлогот на Мицкоски во суштина значи дека сите од ВМРО-ДПМНЕ што 11 години краделе треба да ги амнестираме, да не одговараат, па после да им се забрани да се занимаваат со политика.

Тоа е несериозно и срамно. Одговорноста мора да биде на прво место.

Затоа прво треба да ја затвориме нелегалната амнестија на Иванов, па да разговараме и за други предлози.

Да разговараме и за проширување на забраната за политичко учество и со лица кои се под истрага, на лица под обвинение или за кои беа презентирани прислушувани материјали кои укажуваа на нивна вклученост во незаконски дејствија.

Предлогот за испитување на имот на функционери е задоцнет, тоа веќе се случува.

Наместо да му слугува на Никола Груевски, Христијан Мицкоски треба јавно да излезе и да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето за автентично толкување“, изјави Сашко Костов, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“