Поднесено обвинение за тешка телесна повреда пред дискотека во Марино

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, од кои едниот обвинет се гони за кривично дело – тешка телесна повреда, додека неговиот брат за помагање при извршување на истото кривично дело.

-На 23 март годинава, 19-годишниот обвинет, помогнат од неговиот 20-годишен брат, со умисла нанел тешка телесна повреда на едно лице пред дискотека во скопското село Марино. Оштетениот пред тоалетот на дискотеката најпрвин физички бил нападнат од постариот брат, кој го удрил со бокс во пределот на лицето. Потоа пред дискотеката бил пресретнат од обвинетите, при што помладиот брат дошол од неговата лева страна и со нож го прободел во левиот долен дел на стомакот, нанесувајќи му тешки телесни повреди и оштетување на бубрегот и на слезината. По настанот, двајцата обвинети со возило заедно го напуштиле местото, се наведува во соопштението од Обвинителството.

За двајцата обвинети на сила се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, забрана за преминување на државната граница со друг личен документ, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетениот и со сведоците на настанот.

Би можело да ве интересира

Трагедија на патот Кочани- Виница: загина 48-годишник

Скандал во Чегране: полицајци манипулирале со документација

Катерина Ѓуровски

Бизарен случај во кочанско: ја излажале дека и е направена магија, и зеле накит и пари

Починат скопјанец пронајден пред поликлиниката Ченто

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Струмичанец ја избодел сопругата, претходно се обидел да и стави непозната течност во уста