Oтворена ликовната изложба на делата од деветтата ликовна колонија „Љубанци 2019“

Од:

Вчера во Општина Бутел, беше отворена ликовната изложба на делата од деветтата ликовна колонија „Љубанци 2019“. Станува збор за 28 дела на 19 ликовни уметници учесницина последната ликова колонија, што веќе традиционално, се одржува во живописното Љубанци.

Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да видат: 25 слики, две скулптури вометал и една скулптура во дрво.

На последната ликовна колонија, покрај нашите реномирани ликовни уметници како што се: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Харалампие Манчев, Оливер Настески, ГоцеБожурсаки, Ели Чочова и други, учествуваа и уметниците од Србија: Владан Ранѓеловиќ и Вукашин Станковиќ.

На изложбата беше промовиран специјално подготвениот каталог: Деветта ликовна колонија „Љубанци 2019“ во кој се презентирани уметниците и нивните дела.

На изложбата беа наградени и најубавите четири детски цртежи насликани на „Детскиот ден“ во рамките на ликовната колонија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска