ВМРО-ДПМНЕ: Јасно е како бел ден дека највисоките структури на власта стојат зад нивниот пријател Боки 13

Од:

„Без да биде изведена на обвинителна клупа главата на октоподот, правдата нема да биде задоволена во случајот Рекет.

Доколку највисоките владини функционери бидат амнестирани за овој мега политичко-медиумско-обвинителски коруптивен скандал, тогаш е јасно дека органите на прогонот и судската власт се ставаат во заштита на криминалот.

Нема човек во земјава на кого не му е јасно дека Боки 13, Зоран Милевски Кичеец или Катица Јанева, немале капацитет само да ја смислат целата рекетарска шема, а уште помалку имале моќ да ја реализираат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јасно е како бел ден дека највисоките структури на власта, стојат зад нивниот пријател Боки 13 со кого имаа редовни фотосесии.

Со Зоран Заев на власт Македонија стана препознатлива по криминал, корупција и рекет.

Аферата Рекет е најголемиот криминален случај во независна Македонија. Аферата Рекет е доказ за криминогеноста на Зоран Заев и власта. Таа е потврда за спрегата помеѓу судството, обвинителството и власта.

6 месеци откако е пријавен случајот нема разрешница. Со месеци се развлекуваше приведувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец, за кои видовме дека во обвинителството имало фото и видео документирани докази, но не постапи се додека снимките не беа објавени во медиумите.

Беше потребно јавноста од странски медиум да ја слушне Катица Јанева како ветува слобода на обвинет во предмет од СЈО за и таа да се најде зад решетки.

Медиумите изнесоа бројни детали а социјалните мрежи зовреа за на крај ЈО да ја повика Фросина Ременски. Се губеа и уништуваа телефони и исчезнуваа торби Луј Витон полни со евра.

Развлекувањето на случајот Рекет е апсолутен доказ дека Зоран Заев е главата на октоподот, а ЈО , судот и органите на системот се само неговите пипци.

Ефикасна разрешница на Рекет не може да има се додека Зоран Заев е на власт, бидејќи тој е причината, а не лекот за проблемот, наречен криминогена власт.

Правда ќе има и одговорност ќе има по 12 април, кога ќе почне обновата на Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски