АИ: Во протестите во Иран најмалку 208 жртви

Од:

Во интервенции на иранските безбедносни сили на протестите во земјата, покренати по зголемувањето на цената на горивата, загинаа најмалку 208 лица, се вели во новите податоци на Амнести Интернешнл.

Во изјавата се нагласува дека „алармантната“ статистика се заснова на „веродостојните извештаи“ што ги добиле, додавајќи дека целокупниот биланс веројатно би бил уште полош.

Амнести тврди дека десетици жртви се пријавени во градот Шахрирар во провинцијата Техеран, но не може да понуди локации за другите делови на државата каде што беа пријавени смртни случаи.

– Масовната употреба на смртоносна сила беше инструмент за задушување на протестите, изјави за Ал Џезира, Раха Бахреини, од АИ за Иран.

– Ескалацијата на употребата на сила е евидентна од информацијата дека демонстрантите биле застрелани одблизу. Врз нив било пукано и од хеликоптери и од покриви на згради, додаде таа.

Иран, кој не даде детали за жртвите, претходно ги отфрли бројките на Амнести.

Демонстрациите во Иран започнаа кон средината на ноември по одлуката на властите да ги зголемат цените на горивата, како дел од мерките за олеснување на санкциите на САД.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он