Лицата кои редовно пијат кафе и зелен чај имаат помал ризик од мозочен удар, покажа најново истражување на јапонски научници.
Наодите за кои пишува научното списание „Строук“ (Stroke) се темелат на анализи на податоци собрани во текот на 13 години од 83.269 испитаници на возраст од 45 до 74 години.
Кај лицата кои пиеле најмалку една шолја кафе дневно е забележан 20 отсто помал ризик за мозочен удар.
Испитаниците кои дневно пиеле 2-3 шолји зелен чај имале просечно 14 отсто помал ризик за мозочен удар, а оние кои пиеле над четири шолји имале 20 отсто помал ризик.
Во истражувањето не е утврдено дали вооченото намалување на ризикот за мозочен удар може да се припише на делувањето на кофеинот или некоја друга состојка на кафето и на зелениот чај.