Шпанецот Фредерик Барнет Мољер, кој од Данска со велосипед тргна на пат околу светот стаса во местото Туркоглу, недалеку од турската централна покраина Кахраманмарас.
Мољер, откако на 1 август 2011 година заминал во пензија, одлучи со велосипед да појде на пат околу светот и до сега поминал пат од околу 35.000 километри. Мољер рече дека во Турција планира да остане околу еден и пол месец, а потоа ќе го продолжи патот по земјите во северниот дел на африканскиот континент, а потоа и земјите од Јужна Америка.
Шпанецот, турскиот народ го оцени како „позитивен“ нагласувајќи дека во секое место прво разговара со полицијата и дека сето тоа го запишува.