Лагард внимателна за улогата на ЕЦБ во справувањето со климатските промени

Од:

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска им порача на европратениците дека сака да ја вклучи идејата за климатски промени во работата на нејзината институција, но истакна дека стабилноста на цените останува нејзината главна задача.

– Фундаментално сум убедена дека борбата против климатските промени мора да биде централен и главен приоритет, иако мандатот на ЕЦБ не се однесува на климатските промени, изјави Лагард пред европратениците во Брисел. Таа појасни дека тоа не претставува пречка за да се согледаат операциите на ЕЦБ и да се утврди на кој начин може да биде ефикасна Европската банка.

Лагард рече дека ефектите од климатските промени мора да бидат вградени во економските модели на ЕЦБ, во нејзините проценки за ризиците со кои се соочуваат најголемите банки што ги контролира, во одлуките за инвестиции во рамки на програмата за квантитативно олеснување (QE) за набавка на обврзници и во управувањето со пензискиот фонд.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани