„Газпром“ со понуда за помош до кипарските власти во замена за право за искористување гас

Од:

Руската компанија Газпром предложила финансиска помош за преструктуирање на кипарските банки во замена за право на искористување гас во водите околу островот, јави телевизијата Сигма.

Во случај кипарските власти да се согласат со предлогот, Никозија ќе може да се откаже од намерата за одданочување на банкарски депозити во замена за заем од 10 милијарди евра колку што е кредитниот договор со ЕУ.

Медиумот посочува дека предлогот на Газпром упатен синоќа до кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, веројатно предвидува „целосна контрола на Газпром врз ресурсите од природен гас на Кипар“.

Извор близок до кипарскиот претседател дека Анастасиадис нема намера да го разгледа тој предлог бидејќи сака решението да биде во рамки на ЕУ.

Во синоќешното обраќање до нацијата Анастасиадис рече дека со неприфаќање на барањата од ЕУ ќе значи излегување на Кипар од еврозоната и соочување со банкрот.

– Бирам помалку болна опција и ќе се соочам со политички последици за тоа, со цел колку е можно да се ограничат последиците за економијата и нашите граѓани, рече тој.

Азиските берзи по отворањето регистрираа остар пад на акциите по стравувањето дека случувањата на Кипар може да ја разгорат должничката криза во еврозонаа и да ја погодат довербата на членките во криза како што се Италија и Шпанија.

– Присутно е чувество дека кризата со еврото може да се врати и да следува проширување, затоа е и таква реакцијата на пазарите, вели Шејн Оливер, економист во АМП Кепитал од Сиднеј.

Анастасиадис синоќа вети дека ќе се обиде да ги убеди европските држави кои наметнуваат строги услови да ги ограничат мерките на мали депоненти. Во замена за добивање 10 милијарди евра на Кипар е наметнат данок на сите депозити во домашните банки. Со тие мерки депозитите над 100 илјади евра ќе се одданочат 9,9 отсто додека оние со помала сума со 6,75 отсто.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ