Моделот на управување со пензионерските домови ќе се менува со цел да се понудат посовремените модели на заштита на највозрасните лица, најави министерката за труд и социјална работа Мила Царовска од Тетово при посетета на Здружението на пензионери. Засега домовите ги менаџираат здруженијата на пензионери, Сојузот на пензионери како Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кои треба да имаат иста формула за менаџирање.
– Со Светска банка направивме заедно проценка дека треба да се донесе одлука во која насока ќе се управуваат овие домови за пензионери. Ние сме во соработка и дискусија во ова прашање. Сигурна сум дека во наредниот период ќе се најде конечниот модел и ќе почне имплементацијата. Ние како Влада не само што се грижиме пензиите да растат, туку нудиме и современи модели на заштита, рече Царовска.
Постои насока која предвидува социјална заштита за повозрасните таму каде веќе живеат, за да се избегне гетоизација во пензионерските домови, смета Царовска. Насоката е да се формират општински претријатија кои ќе имаат вработени кои ќе даваат социјални услуги за стари лица.
-Во моментов имаме оглас за сите општини, а се однесува на тоа да развијат социјални услуги на локално ниво и ќе се изненадиме дека од 65 општини кои аплицирале 56 побарале грижа во домашни услови. А таа е услуга која во наредната година со помош на МТСП не само техничка туку и финансиска ќе се развива. Општините ќе може да менаџираат еден ваков тип на претријатија кои ќе значат од 2 до 24 часа поддршка за возрасните лица. Ова не само што нуди грижа за возрасните лица, туку и можност за вработување и на некој начин со една акција правиме две добра во една иста општина. Јас посакувам да овој модел биде поуспешен од сите други форми на згрижување затоа што и старските и пензионерските домови на некој начин се гетоизација и на некој начин исклучување од секојдневното живеење. Јас како министерка и Владата се залагам за целосно вклученост за сите лица додека можат, потенцира Царовска.
Министерката истакна и дека во Кочани треба да отпочне проект за регионален старски дом.