Џафери: Седницата за автентичното толкување најрано на 11 декември

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска до Владата и до претседателката на Законодавно-правната комисија ќе достави писма со барањето од СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.

Џафери изјави дека со ова ќе започне собраниската процедура за барањето за автентично толкување, но предупредува дека и ЗКП и мислењето од Владата да стасаат до него во најскусо време, пленарна седница може да се закаже дури по завршување на дебатата за Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет, по 11 декември.

Џафери вели дека иако постојат одредени дилеми во однос на барањето и членот 11 од Законот за помилување, тој е должен барањето да го проследи во натамошна процедура. Според него, Уставниот суд, меѓу другото, треба да каже што значи неговата одлука од март 2016 година во која се наведува дека членот односно измените и дополнувањата на Законот се укинуваат.

Според Деловникот на Собранието, појаснува тој, откако ќе го достави автентичното толкување до ЗКП и до Владата, ќе се чека мислењето од Владата, по што треба да се состане Законодвано правната комисија. Членовите на ЗКП треба да го разгледаат барањето од СДСМ и мислењето од Владата, и да се одлучат дали ќе го прифатат или не. Доколку оцени за потребно ЗКП може да побара мислење и од Комисијата за политички систем како матично собраниско тело кое првично донело одлука законот да се донесе. ЗКП може да расправа дури и Владата да не достави мислење.

Доколку ЗКП го прифати барањето треба да предложи формулација до Собранието, а доколку не го профати, треба да достави извештај. И во двата случаја барањето за автентично толкување завршува пред пратениците.

Доколку има предлог – автентично толкување и заклучок од ЗКП, до почетокот на собраниската седница за предложениот текст може да се доставуваат амандмани, кои ќе се разгледуваат на седницата. Доколку ЗКП го одбие барањето, испраќа извештај до Собранието, кое пак го прифаќа или го одбива. И да нема и да има одлука од ЗКП, Собранието решава дали и какво автентично толкување ќе се донесе. Во двата случаја потребно е просто мнозинство.

Во Собранието денеска пратениците, генерално, немаа официјален став по барањето бидејќи се уште не е стасано до нив. Дел од нив имаат дилеми кои произлегуваат од одлуките на Уставниот суд и укинувањата, па повторните „оживувања“ на одредени ставови во однос на помилувањата и случајот со поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште