(ВИДЕО) Лазов: Шест дена надлежните молчат за скандалот Вирус во кој рекет барала Агенцијата за лекови

Од:

„Вирусот од рекет, сомнителни тендери, корупција прераснува во епидемија. Поминаа 6 дена од новиот скандал наречен Вирус во кој јавноста беше сведок на јавно признание на сопственик на фармацевтска фирма како сведочеше дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови. Шест дена молк од надлежните.

Внимавајте, побаран е рекет токму од оваа институција која е регулаторно тело – Агенцијата за лекови. Оваа е нов скандал Вирус, кој следи по повеќето како Рекет 1, Рекет 2, Кеш…. и да не ги набројувам сите, многу се“, рече Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не само што молчат надлежните од Агенцијата за лекови и од Министерството за здравство, во јавноста кружат и информации дека ова е само еден од низата вакви случаи, во оваа институција.

Како да има пракса, на секоја фирма што ќе побара дозвола, решение и слично од Агенцијата за лекови, да им се бара рекет.

Оттука последниот случај е повод дополнително да се охрабрат сите сопственици на фирми на кои им бил побаран било каков надоместок, рекет веднаш да пријавуваат до надлежните.

Мора сите да се охрабрат и да пријавуваат вакви незаконски и криминални дејствија зошто наскоро доаѓа обновата на Македонија. Наскоро вакви дејствија ќе бидат одлика на едно минато, црно време во кое владееше СДСМ.

Повик до надлежните во Агенцијата за лекови да даде одговор на јавноста, за ова јавно признание за Рекет.

Воедно, повик и до министерот за здравство, Венко Филипче познат како министер во чиј ресор се случија низа на скандали, сомнителни тендери, да се охрабри и да реши барем еден случај.

Наскоро на рекетот и сите сомнителни активности во здравството ќе им се стави крај. И не само во здравството, туку во сите области“, изјави Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски