Колумбијската армија заплени 3,9 тони кокаин, во лабораторија која е откриена во џунгла во јузозападниот дел на државата.
Армијата објави и видео содржина од операцијата, на која се гледаат припадници на специјалната служба кои од хеликоптер се спуштаат на земјата, а потоа низ џунгла се пробиваат до лабораторијата.
Покрај кокаинот, чија вредност на црниот пазар се проценува на околу 90 милиони долари, пронајдени се и два тона лист од кока.
Колумбијските официјални лица тврдат дека и лабораторијата и дрогата и припаѓаат на бунтовничката група „Фарк“, позната по тоа што се финансира со трговија на дрога, оружје и киднапирање.
Елена Георгиевска