Сонатна вечер со рускиот пијанист Евгениј Корољов

Од:

Рецитал на рускиот пијанист Евгениј Корољов ќе биде одржан вечер во Камерната сала на Филхармонија.

На програмата се пет антологиски дела за пијано од големиот германски композитор Лудвиг ван Бетовен чие творештво годинава се чествува низ целиот свет по повод 250 годишнината од неговото раѓање. Публиката ќе има можност да ги чуе безвременските ремек дела: Соната бр.8 во c-moll, оп.13- „Патетична“, Соната бр.13 во Es-dur оп.27, бр.1- „Квази уна Фантазија“, Соната бр. 14 во cis-moll, оп.27, бр.2: „Месечева соната“, Соната бр. 27 во e-moll, оп.90 и Соната бр. 23 во f-moll, оп.57- „Апасионата“.

Евгениј Корољов (1949) е роден во Москва каде што и студирал на Московскиот конзерваториум, живее и работи во Хамбург, а од 1978 година е професор на тамошниот Колеџ за музика. Заедно со својата сопруга, македонската пијанистка Љупка Хаџигеоргиева, го формира дуото „Корољов“, со кое настапува ширум светот и од своето постоење (1976) се здобива со значајни награди, меѓу кои и наградата „Choc“ на фестивалот „Le monde de la musique“ за аудиозаписот на Шубертовата музика. Во 2011 година, дуото сними цеде со дела од Бах.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска