Кривична пријава за стружанец осомничен за недозволено држење и тргување со оружје

Од:

Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против С.В.(41) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 06.09.2019 во село Мали Влај, соопшти денеска МВР, извршиле преглед на патничко возило ,,мерцедес“, управувано од Д.М.(37) од Струга, во кое сопатник бил пријавениот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки, 12 куршуми за ловечка пушка, пиштол ,,црвена застава“ со една рамка и осум куршуми.

Би можело да ве интересира

Уругвајци тешко повредени откако излетале со мотор во кривипаланечко

Ја удрил со автомоби, па ја тепал сопругата со која се разведувале

Починат Турчин пронајден во хотел на Бит Пазар

Катерина Ѓуровски

52-годишник загина откако со мотор удрил во паркиран автомобил

Им зел 10 илјади евра за да „фати врски“ во судовите за пресуда во нивна корист

Катерина Ѓуровски

Групна тепачка во кумановски „Гарнизон“, приведени петмина