(ВИДЕО) Спасовски од Неготино: Мицкоски со двојни аршини, дома ги лаже граѓаните, а надвор ја ведне главата

Од:

Сите напори и сите заложби во борбата против режимската власт се исплатеа, од заробена држава денеска имаме слободна и демократска држава, пријател со демократскиот свет, посочи потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на граѓанска трибина „На прав пат“, денеска во Неготино.

Бевме подготвени на се, дури и ризикот по живот од настаните на 27 април и подготвеноста ако треба и животот да се даде за ослободување на државата. Успеавме Заедно со вас почитувани граѓани. Бевме спремни да го дадеме животот затоа што знаевме дека само слободна Македонија може да оди напред – посочи Спасовски.

Сега повторно ја живееме слободата и демократијата, но не сме заборавиле како 11 години се живееше во изолација, страв и закани, со монтирани процеси за пресметка со неистомислениците, како беше згазена слободата на медиумите и на слободното изразување. Не беше лесно, но бевме решителни, не калкулиравме, мислевме на државата, на граѓаните и на иднината. И успеавме заедно со вас, кажа Спасовски.

Во СДСМ нема двојни аршини, ние можеме во очи да ги погледнеме граѓаните. Додека Мицкоски дома ги лаже граѓаните дека е против договорот со Бугарија, тој надвор ја ведне главата и кажува дека го поддржува договорот. Тоа е вистинското лице на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, заткулисни игри и лицемерие, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ во Неготино.

Спасовски им се заблагодари на неготинчани за присуството и додаде дека СДСМ може да ги погледне граѓаните во очи, затоа што за само 2.5 години има сработено многу, на чесен и одговорен начин.

-Доаѓаме затоа што можеме да ги погледнеме граѓаните во очи, да кажеме што сработевме, да кажеме каде згрешивме и да ја побараме поддршката да продолжиме, затоа што сме на прав пат, додаде Спасовски.

Спасовски потенцираше дека сите држави членки на европското семејство признаа дека е направена историска грешка и дека нашата држава направи се’ што требаше да се направи за да добиеме датум за преговори.

Продолжуваме да работиме посветено, нашата татковина нема друга алтернатива. Затоа продолжуваме со креирање и имплементација на реформи и мерки, продолжуваме на прав пат кон ЕУ и НАТО, заклучи Спасовски пред огромниот број присутни граѓани во спортската сала во Неготино.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На Скопје не му требаат рецилираните споменици од времето на режимот

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот