(ВИДЕО) Жерновски: Груевски, за седум дена те чека ревизија на „Скопје 2014“

Од:

Претседателот на ЛДП, Андреј Жерновски на митингот на Сојузот за иднина во Скопје порача дека власта ја фати голем страв за општината Центар зашто е очигледно дека ќе ја изгуби.

-Голем страв ги фати за Центар, измислуваат дека имам 5 или 10 станови, дека сум работел со градежната мафија. Ајде да ги исчистиме нашите дворови од овие валканици на ВМРО-ДПМНЕ. Нашата битка во Центар ќе ја завршиме за седум дена и тоа во првиот круг. Никола Груевски за 7 дена те чека ревизија за Скопје 2014, тоа ти го ветувам, граѓаните мора да знаат каде отидоа нивните пари, рече Жерновски.

-Го слушаме Груевски дека секоја вечер дека Центар се сака со дела, Битола се сака со дела, Скопје се сака со дела, Куманово се сака со дела.

-Ајде да ги видиме тие дела, целосен колапс на македонската економија, пад на индустриското производство, за 50 проценти откако дојде Груевски падна економската моќ на граѓаните. Ајде да ги видиме неговите дела-во која земја се бркаат новинарите надвор од собранието, Македонија денеска е во друштво со Нигерија на скалата на слобда на медиумите. Погледнете како изгледа Македонија на една недела пред изборите, само за медиумите трошат триста илјади евра на ден за реклами, погледнете анкетите Груевски води секаде, Карпош, Куманово, да оди и во париз и во лондон ќе води секаде во Европа, рече Жерновски.

Ги слушам како викаат дека ќе дозволат скопје да падне не само Центар, зашто ќе паднела крв, да ќе падне на 24 март, ама не крв туку Груевски. Не само да го дадете својот глас туку да го подигнеме гласно нашиот глас, да гласаме не за минатото туку иднината, не за барокна општина туку за модерна и европска општина.

Овие избори се референдум за тоа до кога ќе трае власта на Никола Груевски. Масовно да излеземе и да кажеме стоп на овој криминал, порача Жерновски.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори