Членовите на мешовитата македонско-бугарска комисија повторно не се договорија за Гоце Делчев

Од:

Како конструктивни и многу исцрпни ги оценија дискусиите за учебниците по историја за седмо одделение во Република Северна Македонија и шести клас во Република Бугарија, како и за евентуално заедничко чествување на личноста на Гоце Делчев од македонскиот тим во Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања двете земји.

Средниот век, Османлиската империја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев се темите за кои разговараа членовите на Комисијата на Заедничката комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија на деветтата средба, која се одржа вчера и денеска во Софија.

Членовите на Комисијата вчера усогласија препораки за бугарските учебници и започнаа дискусија за македонските учебници. По усвојување на една препорака за македонските учебници, комисијата ја заврши работата за првиот ден од средбата, а денеска продолжила со прашањето за евентуално чествување на Гоце Делчев.

-Во исцрпувачката дебата, двете страни разменија и идеи и предлози за форматот и содржината на текстот кој би можел да ја образложи потребата евентуално за заедничко чествување. Сепак, на крајот членовите на Комисијата не успеа да направат напредок по ова прашање. Дискусијата по ова прашање, како и тоа за препораките за македонските учебници по историја за 7 одделение ќе продолжи на следната средба, велат од македонскиот тим.

Оваа средба е шеста и последна средба за оваа година. Досега, Заедничката комисија има одржано осум средби и препорачано на владите на двете држави заеднички чествувања на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

Надвор од активностите на работата на Заедничката комисија, членовите на македонскиот тим во изутринава го посетија гробот на Крсте Петков Мисирков каде што положија цвеќе.

Би можело да ве интересира

Претседателот предложи, а бугарскиот парламент го одби референдумот за еврото

А1он

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани