Самарас: Нулта толеранција за насилството и расизмот

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас, на одбележувањето во солунската синагога на 70-годишнината од првото депортирање на солунските Евреи во нацистричкиот логор Аушвиц-Биркенау, се заложи за нулта толеранција за насилството и расизмот.

– Ќе продолжам со законските мерки за да покажам нулта толеранција за насилството и расизмот. Појавите на расизам и неонацизам повторно се во Европа и поради кризата. Сега фронтот против неонацизмот е неопходен од секого, сега фронтот против антисемитизмот е потребен од секого и не треба да оставиме апатијата, самодоволноста да ги ерозираат државите, народите во Европа. Ве уверувам дека Грција нема да дозвли тоа да се случи, изјави Самарас во синагогата во Солун.

Пораки против расизмот испратија и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на грчката радикална левица СИРИЗА, Алексис Ципрас. Во двете пораки беше потенцирано „никогаш повеќе Холокауст, никогаш повеќе геноцид“.

Околу 50.000 грчки Евреи од Солун се убиени во нацистичките логори за време на Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит