Снаа добила ќотек од свекрвата, а сопругот и се заканувал

Од:

Снаа од скопското село Мирковци вчера физички била нападната од свекрвата, а сопругот и се заканил дека ќе ја убие.

Од МВР информираат дека утринава во 1:15 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Мирковци пријавила дека вчера околу 21 часот во семејниот дом во селото, по претходна расправија, била физички нападната од свекрвата, а потоа и нејзиниот сопруг ѝ упатувал закани по живот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Уругвајци тешко повредени откако излетале со мотор во кривипаланечко

Ја удрил со автомоби, па ја тепал сопругата со која се разведувале

Починат Турчин пронајден во хотел на Бит Пазар

Катерина Ѓуровски

52-годишник загина откако со мотор удрил во паркиран автомобил

Им зел 10 илјади евра за да „фати врски“ во судовите за пресуда во нивна корист

Катерина Ѓуровски

Групна тепачка во кумановски „Гарнизон“, приведени петмина