Во англиската јавнот е отворена полемика околу тоа каде повторно да бидат погребани посмртните останки на средновековниот крал Ричард Трети, како и според чиј верски обред да се изврши погребот – англикански или католички.
Британскиот научник д-р Џон Ашдаун Хил кој е најзаслужен за откривањето на местото каде во 15 век бил погребан тогашниот англиски крал, смета дека Ричард треба да биде закопан според католичките обичаи, не изјаснувајќи се за новата локација.
Околу осум илјади луѓе потпишаа петиција останките на кралот да бидат погребани во Лестер, но преку 25.000 други сметаат дека неговиот гроб сега треба да биде во Јорк.
На почетокот од годинава научно беше потврдено дека скелетот откриен на просторот каде сега се наоѓа паркингот на општинскиот совет во Лесте му припаѓа на Ричард Трети. Оттогаш траат полемиките и научните несогласувања за тоа каде тој треба повторно да биде погребан – во градот каде беше најден стариот гроб, за кој никој до минтата година не знаеше каде се наоѓа или во Јорк.
Ричард Трети е убиен во 1485 година во битката кај Босворт, во време на, во англиската историја, познатата Војна на розите. Победничкото семејство од кои ќе произлезе династијата Тјудор го прикажува Ричард како насилен крал кој се подготвувал да ги ликвидира сите припадници на семејството.
Професорот Ашдаун Хил верува дека Ричард бил религиозен човек и посветен на католицизмот, оценувајќи дека доколку не бил убиен и не ја загубил Војната на розите можеби англиканството и Англиканската црква никогаш не би биле создадени.