Мазе со триумф ја затвори сезоната

Од:

Словенката, Тина Мазе со триумф на велеслаломската трка ја заокружи најуспешната сезона во кариерата во која забележа 11 победи во сите четири дисциплини.

Мазе настапот во Ленцерхајде го заврши со време од 2 минути 16 секунди и 67 стотинки. Втората позиција и припадна на Теса Ворли од Франција додека трета беше швајцарката, Лара Гут.

Мазе уште пред стартот на последната трка го освои првото место во редоследот за велеслалом, а на неколку настапи пред крајот ја прослави и победата во генералниот пласман за Светскиот куп.

Словенката сезоната ја заврши со рекорден број на бодови, вкупно 2414, а таа ќе влезе и во историјата на ова натпреварување како скијачка, која во текот на една сезона успеала 24 пати да се искачи на победничкиот пиедестал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ