(ВИДЕО) Поповска: Законите за една изборна единица да се најдат на следната седница

Од:

Иницијаторите за една изборна единца на денешната прес-конференција од Собранието порачаа дека нема процедурални пречки за измени на изборниот законик и дека очекуваат двата поднесени закона да се најдат на следната седница.

Тие велат дека не се потребни суштински промени и дека има време да се изгласаат, а Државната изборна комисија да се подготви за спроведување на изборите наместо шест, да има една изборна единица.

„Ова е технички едноставен и изводлив процес, кои бара само нов формулар за гласачките ливчиња и нов софтвер за пребројување на гласовите. Гласачките места и одбори остануваат исти, а различно е само собирањето на гласовите кои сите одат на едно конто. Сакаме да го предочиме овој факт бидејќи претседателот на Собранието Талат Џафери вчера изрази двоумење за изводливоста“, рече пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска.

Покрај за промена на изборниот законик во една изборна единица, поднесен е уште еден закон со кој се бара да се воведат отворени листи за избор на советници.

Иницијативата е поднесена од 18 пратеници, кои велат дека го имаат потребното мнозинство од 61 пратеник за промена на изборниот законик од шест на една изборна единица, а за отворени листи потребно ќе биде и Бадентерово мнозинство, но како што рекоа, и тука ќе ја имаат поддршката.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!