Отворање на изложбата „Африка во Македонија“

Од:

Музејот на Северна Македонија вечер од 20 часот ќе ја отвори изложбата „Африка во Македонија“ која ја организира во соработка со Археолошкиот музеј, заводите за заштита на спомениците на културата и музеи од Охрид и од Битола, Музеј на град Скопје и НУ „Стоби“.

– Изложбата е од единствен карактер бидејќи првпат на едно место се прикажува исконската поврзаност помеѓу Македонија и Африка, која започнува во предисторијата и трае до денес. На изложбата ќе бидат презентирани повеќе археолошки, етнолошки и уметнички експонати, како и архивски материјали што ги истакнуваат културните, историските, религиските и политичките врски помеѓу овие навидум далечни простори, соопшти музејот домаќин на изложбата, чии автори се доц. д-р Гоце Наумов и проф. д-р Никос Чаусидис.

На изложбата, исто така, ќе бидат претставени и повеќе африкански ракотворби и фотографии од личните колекции на Мирослав Масин, Роберт Смилески, Јасмина Никуљска, Петар Јовановски, Кристина Бицева, Билјана Јурукоски, Филип Кондовски и на Скопскиот џез-фестивал.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска