ВМРО-ДПМНЕ Битола: Математиката на СДСМ е толку очајна што мораа да ги соберат одметнатите од ДПМНЕ

Од:

Денеска свои пресконференции одржаа Весна Трајковска и кандидатот за советник од демократскиот сојуз на Ромите, Јусуф Мустафа

„Се собравме да повториме она што до сега многупати го кажавме, но некој се прави дека не го слуша и не го разбира. „Обединети за Македонија“ веќе не постојат , но членовите остануваат и натаму ЗА Македонија, и обединети, ама во ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Менде Диневски виде дека освен од неговиот личен спонзор Бранко, нема поддршка ниту од мнозинството членови на СДСМ во Битола, на помош побара отпадници од помали или бивши партии кои под закани и притисоци, мораат јавно да застанат зад него.

Математиката на Менде, Бранко и СДСМ е толку очајна што околу себе мораа да ги соберат одметнатите од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо и Љубе и нивните локални шерифи и вазали, со кои до вчера меѓусебно си ги вадеа очите. До таму дојде работата.

Но граѓаните на Македонија, а особено битолчаните се паметни и знаат да препознаат лицемерие и желба за евтин профит.

Битолчани добро знаат кој е агресивен, кој се служи со уцени и закани и кој со недели ги малтретираше со блокирање улици и раскрсници, а кој смирено и сигурно си работи и создава дела кои граѓаните ќе ги изберат на 24 март“, изјави Весна Трајковска.

„Менде Диневски и неговиот Бранко и во Битола се фаќаат за сламка, Самка … како ли се велеше? Си велат – Овие Ромите не разбираат ништо, не се толку образовани , па можат да не лажат, да не уплашат или да не поткупат, како што правеле порано. Ама ние сме попаметни отколку шо мислат Менде и Бранко“, рече Јусуф Мустафа – кандидат за советник на Битола.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука