Во хотелот Цар Самоил во Струмица утрово околу 5 часото, починал 54-годишниот Дамир Т. член на делегацијата од Хрватска на Струмичкиот карневал.
Според инфомациите на Плусинфо, полицијата врши увид во хотелот, за да ги утврди причините за смртта.
Случајот во полициската станица во Струмица бил пријавен околу 10 часот, од надлежните во Медицинскиот центар.
Според првичните информации на починатиот најпрвин му се слошило, по што починал.
Елена Георгиевска