Хуманитарна аукција на слики од академскиот сликар Павле Кузмановски

Од:

Невладината организација „Акација“ денеска ќе организира хуманитарна аукција на слики од академскиот сликар Павле Кузмановски. Собраниот приход ќе биде дониран на Здружението на пациенти со малигни заболувања „Животна искра” од Скопје.

Аукцијата ќе се одржи во галеријата на Културно-информативниот центар од 20 часот, а ќе има и музичка програма со настап на обоистот Васил Атанасов и гитаристот Дарко Багески.

НВО „Акација“ работи на материјално и морално подобрување на човекот и интелектуално и социјално усовршување на општеството. Организира хуманитарни манифестации, истражувачки проекти за човековите хуманитарни права и слободи, културни, едукативни, образовни и социјални активности, проекти за унапредување на меѓучовечките и меѓунационалните односи.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска