Отворање на изложбата „Флора и фауна – извор на животот и убавината“

Од:

Тринаесеттата традиционална Меѓународна ликовна изложба за деца и младинци „Флора и фауна – извор на животот и убавината“ ќе биде отворена денеска во Скопје во организација на Детскиот ликовен центар-Скопје, со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Како што информираат од Ликовниот центар Хари ќе бидат доделени и награди за учесниците – младите уметници од земјите-учеснички од странство и на домашните учесници во сите возрасни категории од пет до 23 години. Вкупно ќе бидат изложени 450 ликовни творби, а во сите категории ќе бидат наградени најуспешните 180 млади творци од земјата и странство.

Изложбата ќе биде отворена до 2 декември годинава, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска