Усогласен нацрт договорот помеѓу Белград и Приштина

Од:

Европската Унија и Приштина го усогласија нацрт договорот помеѓу Белград и Приштина, во 10 точки.

Според сознанијата на „Блиц“ предлогот е предаден на властите во Белград кои треба да излезат со свои забелешки.

ЕУ и Приштина бараат од Србија да вети дека нема да биде пречка за прием на Косово во меѓународните институции и да остави можност за донесување нова резолуција на Советот за безбедност.

Според овој нацрт ЕУ и Приштина предлагаат на север на Косово да се формира европски регион, наместо заедница на српските општини како што бара Белград.

Овој регион би имал некои надлежности, дури и апелационен суд, но би бил инкорпориран во косовски институции.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија