Затвореник во Грција држи шестмина заложници

Од:

Еден затвореник во Грција, познат по тоа што веќе двапати успеал да побегне од затвор, зароби шест лица и се заканува дека ќе предизвика експлозија во грчкиот затвор Маландрино, доколку не биде ослободен.

Според локалните медиуми, осуденикот со албанска националност Алкет Ризај, за заложници има четворица затворски чувари и двајца затвореници, а вооружен е со две рачни бомби и ножеви.

На фотографијата направена од еден затвореник се гледа како Ризај стои пред заложниците, кои сите имаат лисици на рацете. На местото на инцидентот има зајакнато полициско присуство, а доведен е и адвокатот на Ризај за да учествува во преговорите.

Ризај (36) во 2003 година осуден е на доживотна казна поради убиства, Тој двапати побегна од атинскито затвор Коридалос со максимално обезбедување. Во 2006 и во 2009 година од затворот побегна со хеликоптер.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит