Вучиќ разговараше со Рама, понуди помош по земјотресот

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово телефонски разговараше со албанскиот премиер Еди Рама, откако Албанија ја погоди силен земјотрес, и понудија помош од Србија.

Србија веднаш испрати противпожарна бригада, како прва помош во елиминирање на последиците, јави „Блиц“.

Вучиќ упати и писмо со сочувство до претседателот и премиерот на Република Албанија, Илир Мета и Еди Рама, по повод силниот земјотрес што ја погоди земјата и понуди помош во санирање на последиците.

– Со тага ги гледаме сликите од урнатините во Драч и другите места во Албанија. Дозволете ми Вам и на семејствата на загинатите да упатам искрено сочувство, како и да изразам сочувство со оние кои ги бараат своите најблиски, напиша Вучиќ.

Тој наведе дека е тешко да се предвидат такви катастрофи и да се запре немилосрдната сила на природата.

– Ако Србија може да помогне на кој било начин, ние сме подготвени, во рамките на нашите можности, да пружиме секаков вид помош во отстранување на последиците од катастрофалниот земјотрес, се вели во писмото на Вучиќ.

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 300 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер што рано утрово ја погоди Албанија.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он