А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Затвореник почина во Кумановскиот затвор

by А1он25/11/2019 - 17:22436
Share0

Починат затвореник е пронајден во неделата наутро (24 ноември) во Кумановскиот затвор, соопшти Управата за извршување на санкции. Причините за смртта, како што наведуваат од таму, ќе бидат познати по добивањето на обдукцискиот извештај.

Добивај вести на вибер

Околу 7 часот и 30 минути при редовна утринска проверка на бројната состојба на осудените лица дежурниот командир заедно со помлад надзорник, исто така припадник на затворската полиција, на првиот кат во затвореното одделение во собата каде престојувало осуденото лице во неговиот кревет во позиција како да спие го пронашле осуденото лице без знаци на живот, се посочува во соопштението од Управата за извршување на санкции.

Веднаш потоа била повикана итна медицинска помош која во затворот пристигнала во 8 часот и 15 минути, но лекарите не можеле да сторат ништо од причина што лицето веќе било починато, а констатирано е дека нема траги на насилство.

Од Управата потенцираат дека по прегледувањето на снимките од камерите во затвореното одделение, констатирано е дека во текот на ноќта никој не влегувал во собата на осуденото лице, односно дека таму не престојувале други осудени лица заедно со него.

– Во непосредна близина на неговата ќелија има соба за надзор на осудените лица и од страна на затворската полиција, како и од осудените лица од затвореното одделение не било забележано ништо невообичаено во текот на ноќта пред немилиот настан, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.

hronika

Би можело да ве интересира

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Катерина Ѓуровски17/04/2026 - 09:56

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 14:15

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 09:59

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 14:13

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 14:03

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто